Руни откри тајна на неговата кариера: Бев многу блиску до трансфер во Барселона, но еве зошто не успеа…

Во неодамнешно интервју за The United Stand, Вејн Руни откри дека сакал да игра за Барселона за време на неговата кариера, но трансферот не бил можен поради финансиски причини.
„Многу би ми се допаднало да играм за Барселона. Тие немаа вистинска деветка во тоа време. Мислам дека би било лесно да играм за тој тим и совршено би се вклопил. Имаше можност, но беше финансиски тешко.
Во 2010, не сакав да го продолжам договорот со Манчестер Јунајтед и побарав трансфер, три екипи чукаа на вратата: Челси, Реал Мадрид и Барселона. Во мојот ум, бев подготвен да играм во Шпанија и имаше разговори. Договор со Мадрид изгледаше поверојатен неколку дена, но всушност повеќе размислував за Барселона и како би се вклопил во тим со Меси, Иниеста, Чави и Бускетс. На крајот, останав во Јунајтед, но Барселона имаше извонреден тим и секој играч би сакал да биде таму“, открива Руни.



