SportM
Фудбал

Руни: Парк беше исто толку важен за Манчестер Јунајтед колку и Роналдо

Д М17 мај 2020
Руни: Парк беше исто толку важен за Манчестер Јунајтед колку и Роналдо

Вејн Руни изјави дека поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Парк Џи-Сонг бил исто толку важен во успехот на клубот, како и Кристијано Роналдо. Подготвеноста на Парк да се жртвува себе си за тимот беше клучна за освојување на трофеите.

Парк и Роналдо поминаа четири години заедно на „Олд Трафорд“, освојувајќи ја титулата во Премиер Лигата трипати по ред, Лига Купот и Лигата на шампионите, пред Португалецот да замине да се приклучи на Реал Мадрид во 2009 година.

И додека секогаш ќе се зборува за головите, вештините и брзината на Роналдо за тоа време, Руни вели дека придонесот на Парк бил исто толку важен како и на иконата на Португалија.

„Сите ние кои игравме со Парк, знаеме дека тој беше скоро исто толку важен како Роналдо за нашиот успех. Поради тоа што го даде за тимот и сакам да зборувам за тимовите. Тие, а не ѕвездите, се најважната работа во спортот“. 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.