Русите ја напуштаат УЕФА и влегуваат во азиската конфедерација?

Челниците на Фудбалската федерација на Русија размислуваат да го напуштат натпреварувањето под покровителство на Европската фудбалска конфедерација, УЕФА и да се приклучат на азискиот АФЦ.
Претседателот на Руската фудбалска федерација Александар Дјуков изјави дека Русија повеќе не сака да чека укинување на спортските санкции на УЕФА, пренесува L’Equipe.
„Иако пред неколку месеци кажав дека е прерано да се размислува за Азија, сега верувам дека тоа е можност што треба да се разгледа“, рече Дјуков.
Сè уште не е јасно како тоа би можело да го реши проблемот со настапите на меѓународните натпреварувања за Русија, бидејќи, покрај УЕФА, спортски санкции на Русија и воведе и ФИФА, која е на чело на светска организација и затоа е супериорна во однос на АФЦ. .
Сè уште нема индикации кога ФИФА и УЕФА би можеле да ги укинат санкциите што се однесуваат и на националниот и на клупскиот фудбал.



