SportM
Фудбал

Рускиот фудбалски сојуз бара суспензија на селекторот на Украина

Д М19 сеп 2022
Рускиот фудбалски сојуз бара суспензија на селекторот на Украина

Рускиот фудбалски сојуз (РФС) поднесе барање до Европската фудбалска федерација (УЕФА) и до Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) да биде суспендиран селекторот на Украина, Олександар Петраков.

– Рускиот фудбалски сојуз го обвинува Александар Петраков за дискриминација на Русите и одбивање да одржи неутрална политичка позиција, пишува „Гардијан“.

Писмо до комисијата на УЕФА за контрола, етика и дисциплина напиша заменик генералниот секретар на РФУ Денис Рогачев. Како доказ тој ги наведе цитатите на Петраков во италијанскиот „Кориере дело спорт“ и рускиот „Спорт експрес“.

– РФС навистина се обрати кон ФИФА и УЕФА, во врска со изјавите на селекторот на украинската репрезентација, кои се јасно дискриминаторски во однос на Русија и граѓаните на нашата земја. Сметаме дека таквите изрази се недозволиви, што беше ставено на внимание на ФИФА и УЕФА. Писмото беше испратено во јуни, сега чекаме одлука, соопштија од РФС.

Претходно Петраков повика на исклучување на Русите од сите меѓународни спортски натпреварувања.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.