SportM
Фудбал

Рускиот великан се најде под бизарни американски санкции: „Клубот сигурно нема никаква врска со нив“

Д М24 фев 2022
Рускиот великан се најде под бизарни американски санкции: „Клубот сигурно нема никаква врска со нив“

Рускиот гигант ЦСКА од Москва се најде под санкциите на Соединетите Американски Држави.

Клубот од Москва се најде под американски санкции заедно со уште 24 компании, а сето тоа поради моменталната ситуација во Украина, која беше нападната од Русија.

Директорот на ЦСКА Роман Бабаев е изненаден што нивниот клуб се најде под санкции.

„Играчите мирно се подготвуваат за продолжението на сезоната, а нашите адвокати си ја вршат својата работа. Ние ќе ги браниме нашите права и спортот треба да биде надвор од политиката“, изјави Бабаев за руските медиуми.

Санкциите наметнати од САД се бизарни. ЦСКА не може да работи со американски компании, што тие никогаш не го направија.

„Како што разбрав, клубот нема никаква врска со САД. ЦСКА може лесно да добива пари од УЕФА за настап во натпреварувањата, може да им се платат пари за трансфери“, изјави адвокатот Илја Чичеров.

Сепак, еден трансфер сепак им е проблем. Парите од продажбата на хрватскиот фудбалер Никола Влашиќ најверојатно нема да можат да ги добијат во следниот период.

„Веројатно е стопирана исплатата на пари за Влашиќ. Сопствениците имаат отворени бизниси во Соединетите држави, а тоа би можело да ја отежне исплатата на парите“, рече тој.

Единствен проблем за московскиот тим би била евентуалната одлука на европските власти да воведат санкции, па ЦСКА би се нашла во прилично проблем.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.