Сака астрономска плата, а ни најбогатиот клуб во светот не сака да му ја даде

На Џеси Лингард на крајот од сезоната му истекува договорот со Манчестер Јунајтед и англискиот фудбалер ќе го напушти клубот по враќањето од позајмица од Вест Хем.
Јувентус, Милан и Њукасл се поврзуваа со Лингард, детето на „црвените ѓаволи“, но се чини дека нема да има ништо од приклучувањето на „страчките“.
Според странските медиуми, барањата на Лингард за плата се толку големи што ниту Њукасл, кој преку ноќ стана најбогатиот клуб во светот откако саудискиот принц Мохамед Бин Салман стана сопственик на клубот, не сака да ги исполни.
🚨 Newcastle United will not pursue a move to sign Jesse Lingard as a free agent because his wage demands are too HIGH.
(Source: @TeleFootball) pic.twitter.com/OkQWfcSFW9
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 11, 2022
Со страчките се поврзува уште еден Англичанец, а тоа е Деле Али и треба да видиме што ќе се случи.
Инаку, Лингард оваа сезона за Вест Хем одигра 22 натпревари во сите натпреварувања со два гола и една асистенција.
Лингард цела кариера ја играше во Англија (Манчестер Јунајтед и на позајмица во Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби и Вест Хем), но се чини дека е време за странски ангажман, а веќе споменатиот интерес на двајцата италијански великани е погодна за тоа.
За репрезентацијата на Англија, Лингард постигна шест гола на 32 натпревари.



