Сакате да патувате во Аргентина, а сте ги навредувале за време на Светското првенство, епа нема да може! Претседателот потпиша уредба!

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј потпиша вонредна уредба со која властите добиваат право да забранат влез или да депортираат странски државјани кои поттикнуваат омраза, насилство или дискриминација кон Аргентинците.
Одлуката следува по контроверзното Светско првенство и поразот на Аргентина во финалето, по што репрезентацијата и земјата се најдоа на удар на бројни критики. Дополнителни тензии предизвикаа инцидентите по финалето, кога дојде до физичка пресметка меѓу аргентинските и шпанските фудбалери и членови на стручните штабови.
Во меѓувреме, ФИФА покрена дисциплинска постапка против Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) поради инцидентите на теренот, наводно расистичко однесување и однесувањето на навивачите.
Во соопштението од кабинетот на Милеј се наведува дека „секој што ја напаѓа Аргентинската Република не е добредојден во земјата“, но истовремено се истакнува дека мерките нема да се однесуваат на политичка, академска или граѓанска критика заштитена со Уставот.



