SportM
Тајм аут

Сакав да се чувствувам секси – Британска атлетичарка го привлече вниманието со необичен костим! (ВИДЕО)

Редакција21 сеп 2026
Сакав да се чувствувам секси – Британска атлетичарка го привлече вниманието со необичен костим! (ВИДЕО)

Британската атлетичарка Кили Хоџкинсон привлече големо внимание на атлетскиот митинг во Лондон, каде триумфираше на 800 метри со време од 1:56,40. Олимписката шампионка настапи во необичен црн костим на „Најк“, специјално дизајниран да ги комбинира аеродинамиката, технологијата и модата. Хоџкинсон откри дека развојот на опремата траел речиси една година, а посебно внимание било посветено на намалувањето на отпорот на воздухот.

„Сакав да ми биде удобно, но и да се чувствувам малку секси. Отворениот грб го прави костимот навистина кул“, изјави атлетичарката.

Митингот „Атлос“ во Лондон беше посветен исклучиво на женската атлетика и комбинираше спорт, мода и музика, со црвен тепих, диџеј настапи и пиротехнички ефекти.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.