Connect with us

Фудбал

„Салах ќе најде начин да игра за Египет на Олимписките игри“

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Египет, Ахмед Мегахед, верува дека Мохамед Салах ќе игра за избор на неговата земја на Олимписките игри и дека ќе најде начин да го убеди Ливерпул да го пушти на најголемото спортско шоу во светот.

Најдобрите играчи од нивната репрезентација не играат на Олимписките игри. Селекторите можат да повикаат фудбалери до 23 години и уште тројца фудбалери постари од тоа. Мохамед Салах би бил најголемиот адут на египетската селекција на Игрите во Токио, а и самиот претходно изјави дека би сакал да замине на овој турнир.

Ливерпул, кој би започнал со подготовки за време на игрите, секако не гледа позитивно на желбата на Мо. Наводно, Салах има 48 часа да ги убеди раководството и менаџерот Јирген Клоп дека е во ред да замине во Јапонија со националниот тим.

Англискиот клуб нема обврска да го пушти Салах да оди на Олимписките игри затоа што не станува збор за турнир организиран од ФИФА или УЕФА. Ливерпул сигурно ќе го загуби Салах во јануари кога ќе замине на Африканскиот куп на нации, па се поставува прашањето дали тој ќе го стори истото за игрите во Јапонија.

Турнирот вообичаено трае од 22 јули до 7 август, додека првиот натпревар на Ливерпул во Премиер лигата е викендот што следи.

Реклама

Facebook