„Салах не е среќен во Ливерпул, а клубот сака да го продаде и него“

Мохамед Салах не е среќен во Ливерпул и клубот сака да го продаде.
Барем така тврди поранешниот соиграч на Салах, Мохамед Аботрика, кој во интервју за beIN Sports откри дека Мо не е задоволен и среќен, наведувајќи го фактот дека неодамна не ја доби капитенската лента на мечот против Митјиланд во Лигата на шампионите.
Аботрика тврди дека разговарал со Салах и открил:
„Му се јавив и го прашав за неговата ситуација во Ливерпул и можам да ви кажам дека е вознемирен, но тоа никогаш нема да влијае на неговите настапи“, рече Аботрика и додаде:
“Знам дека тој не е среќен во Ливерпул. Тој исто така ми кажа зошто е тоа така, но не сакам да откривам пред јавноста. Една од причините што беше лут беше фактот дека тој не беше капитен против Митјиланд”, верува тој.
Исто така, Аботрика верува дека Салах веќе требаше да ја добие Златната топка за најдобар фудбалер во светот.
“Да беше играч на Реал Мадрид или Барселона и да играше на исто ниво како со Ливерпул, тој ќе ја освоеше Златната топка. Нормално е шпанските медиуми да го прашуваат за овие клубови, а според мене Ливерпул сака да го продаде од економски причини”, изјави Аботрика .
Во неодамнешното интервју за шпански АС, Салах зборуваше за капитенската лента и можното заминување од редовите на „црвените“.
“Искрено, многу сум разочаран. Се надевав дека ќе бидам капитен, но тоа е одлука на тренерот и јас го прифаќам тоа. Прашањето за останување во клубот е тешко. Во моментов, сè е во рацете на клубот и никогаш не знаете што носи иднината”, рече тој. Салах
Египќанецот постигна 110 гола на 173 натпревари за Ливерпул.



