Connect with us

Фудбал

Салах се „пожали“ на пеколната атмосфера во Истанбул: Такво нешто сè уште немам доживеано (ВИДЕО)

Фудбалерите на Галатасарај синоќа во рамките на второто коло од Лигата на шампионите на свој терен во Истанбул (не)очекувано го совладаа фаворизираниот Ливерпул со резултат 1:0.

Натпреварот се одигра во огнена атмосфера, а особено интересно беше кога првата ѕвезда на „Црвените“ беше повикана да влезе во игра. Тогаш започнаа неверојатни свирежи – толку гласни, што Египќанецот мораше со раце да ги покрие ушите.

„Никогаш во животот не сум играл во ваква атмосфера. Беше многу тешко да се фокусирам на играта. Вревата од трибините беше заглушувачка и не можевме да се носиме со тоа. Му честитам на Галатасарај за победата,“ изјави Салах по натпреварот.