Салах синоќа влезе во историјата на Ливерпул
Д М20 окт 2021

Мохамед Салах постигна два гола синоќа во победата на Ливерпул против Атлетико Мадрид и влезе во историјата.
Имено, Салах постигна гол во осмата минута и го смести првиот играч на Ливерпул кој постигнал гол на девет последователни натпревари во 129-годишната историја на клубот.
Така Египќанецот ја потврди класата и навивачите беа воодушевени.
Серијата започна против Челзи, а продолжи со дуели со Лидс, Кристал Палас, Брентфорд, Манчестер Сити, Ватфорд, Милан, Порто, а сега и Атлетико Мадрид.
Ливерпул синоќа славеше со 3:2 во одличен натпревар.
По три кола, англискиот тим има максимален учинок, додека Атлетико и Порто се на четири бода. Милан е без бодови и е најголемото разочарување досега.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



