SportM
Фудбал

Салихамиџиќ подготвува изненадувачки трансфер

Д М13 дек 2021
Салихамиџиќ подготвува изненадувачки трансфер

Хасан Салихамиџиќ со години ја извршуваше една од најодговорните функции во Баерн.

Иако практично е комплетен тим и има многу добри играчи, Баерн веќе размислува за следните чекори на фудбалскиот пазар.

Ретки се играчите кои решаваат да го напуштат Минхен, но како што сега стојат работите, меѓу играчите кои сигурно ќе си заминат на крајот на сезоната е и Кингсли Коман.

Според некои извори, договорот на Коман со Баварците истекува на крајот од сезоната. Засега не се зборува за продолжување и Французинот ќе си замине од Алијанц Арената како слободен играч.

Салихамиџиќ има намера слободното заминување да го пополни со слободното доаѓање на Усман Дембеле, кој претходно настапуваше во Германија.

Дембеле веќе некое време е член на Барселона, но од неговото пристигнување на Ноу Камп не покажа ни приближно она што се очекуваше од него.

Преговорите за останувањето се далеку од завршени, што Баварците ќе се обидат да го искористат и да го доведат контроверзниот Французин во Баерн.

24-годишниот фудбалер претходно играше за Борусија Дортмунд во Германија, која го продаде на Барселона во летото 2017 година за цели 135 милиони евра.

Овој трансфер е можеби најдобриот пример за тоа како Каталонците лесно фрлаа огромни суми пари во вода.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.