Поврзи се со нас

Фудбал

Салихамиџиќ претстави нови засилувања: „Го следам од минатата година“

Баерн беше многу активен на последниот ден од преодниот рок бидејќи успеа да донесе три засилувања.

Најголемото изненадување е доаѓањето на Ерик Чопо-Мотинг кој пристигна како резерва за Роберт Левандовски. Покрај него, Баерн успеа да донесе уште двајца играчи, Даглас Коста и Марк Рока.

Коста се врати во Баерн од Јувентус, додека младиот играч за врска Рока пристигна од Еспањол за девет милиони евра.

Дуото беше официјално претставено денес на „Алијанц Арена“ во друштво на Хасан Салихамиџиќ, кој е најодговорен за овие трансфери.

“Го следев Рока минатата година и сакавме да го доведеме. Ми се допаѓа начинот на кој игра и сигурен сум дека тој ќе се вклопи совршено во тимот. Го познаваме Даглас и не треба да трошиме многу зборови за него. Среќни сме што се врати”, рече Салихамиџиќ.

Коста го позајми дресот со број 11 што го носеше претходно, а Рока го одбра бројот 22.

Advertisement

Facebook

Реклама