Салихамиџиќ, шокиран по срамот на Баерн, едвај изговорил две реченици

Баерн Минхен доживеа дебакл во натпреварот од шеснаесетфиналето на ДФБ купот.
Баварците загубија од Борусија Менхенгладбах со неверојатни 5-0, што беше еден од најтешките порази за Баерн во историјата на клубот на германско тло.
По натпреварот спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ не беше расположен за изјави. Тој остана шокиран и едвај изговори неколку зборови пред новинарите.
„Тешко е да се објасни сето тоа“, рече Салихамиџиќ, а потоа додаде:
„Навистина сум шокиран, ова не е Баерн, ова е затемнување на тимот, страшно, особено во одбраната, не знам што правеа играчите во одбраната.“
Баерн синоќа не личеше на себе, пристигнаа критики од водечките германски медиуми, но некои сметаат дека овој „шамар“ му бил потребен на тимот по неколку одлични партии на стартот од сезоната, каде Баварците постигнаа 57 гола на 11 натпревари во сите натпреварувања.
Тие останаа без борба за еден трофеј веќе во октомври, а сега целта е што побрзо да се заборави тешката ноќ во Менхенгладбах и да се продолжи понатаму.



