Само еден гол го дели Роналдо од нов рекорд
Д М15 јул 2020

Одличниот португалец, Кристијано Роналдо постигна 49 гола во Серија А од доаѓањето во италијанскиот клуб. Според „Фудбал Италија“, напаѓачот на Јуве може да стане првиот фудбалер кој постигнал најмалку 50 гола во лигите на Англија, Италија и Шпанија.
Роналдо вечерва ќе има шанса да го постави рекордот затоа што Јувентус вечер од 21:45 часот гостува кај Сасуоло.
Претходно, босанскиот репрезентативец Един Џеко, стана првиот играч кој постигнал најмалку 50 гола во три од најсилните пет лиги во Европа. Тој го стори тоа во Италија, Англија и Германија.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



