„Сан Сиро“ заминува во историјата: Милан и Интер градат нов стадион од 700 милиони (ФОТО)
Д М21 јун 2019

По 93 години стадионот „Сан Сиро“ ќе змаине во историја, а според „Република“, Милан и Интер се договориле за изградба на нов стадион, кој ќе чини околу 700 милиони евра и ќе биде подготвен за сезоната 2022/23.
Новиот стадион ќе се наоѓа веднаш на просторот до „Сан Сиро“, кој според досегашните најави ќе биде урнат.
„Сан Сиро“ е еден од најстарите стадиони во Европа, а изграден е во далечната 1926 година, додека четири пати бил реновиран.
Милано е единствениот град на континентот, кој има два освојувачи во Лигата на шампиони (Милан и Интер), а исто така на стадионот биле прославени дури десет трофеи на европски шампион, како и 36 Скудета.
https://twitter.com/IFTVofficial/status/1142062964494745603
Извор: sport1.mk
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



