SportM
Фудбал

Сане има бомба во нозете: Топката го нокаутираше играчот на Гладбах кој падна (ВИДЕО)

Д М9 јан 2021
Сане има бомба во нозете: Топката го нокаутираше играчот на Гладбах кој падна (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн беа поразени синоќа на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (3:2) во натпреварот од 15. коло на Бундеслигата.

Баерн имаше водство од 2:0 на овој натпревар, но Гладбах направи неверојатен пресврт и на крајот стигна до победата.

Интересен момент на овој натпревар се случи во 66. минута кога Лерој Сане шутираше силно од дваесетина метри, а топката го погоди Матијас Гинтер во главата.

Гинтер веднаш падна како да е нокаутиран од боксер, а судијата мораше да го прекине натпреварот за да му помогне на играчот на Гладбах.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.