SportM
Фудбал

Санто: Фудбалот е безмилосен, пред неколку недели бев прогласен за тренер на месецот, а сега сум отпуштен од Тотенхем

Д М9 ное 2021
Санто: Фудбалот е безмилосен, пред неколку недели бев прогласен за тренер на месецот, а сега сум отпуштен од Тотенхем

Поранешниот тренер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто проговори за отказот од лондонскиот клуб.

– Фудбалот е безмилосен. Пред неколку недели бев прогласен за тренер на месецот, а сега сум отпуштен од Тотенхем. Таков е животот, сега одам напред во потрага по мојот следен предизвик. И сакам да им се заблагодарам на навивачите на Спарс. Кога дојдов во овој голем клуб, сонував да освојувам трофеи со него, но не одеше сè според планот. Ова е животот, секогаш учиш нешто, напиша Санто на Инстаграм.

На 1 ноември, Тотенхем го објави отказот на Нуно Еспирито Санто како главен тренер на тимот. Заедно со тренерот, лондонскиот клуб го напушти целиот негов стручен штаб.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.