Connect with us

Фудбал

Сантош ќе ја напушти португалската репрезентација доколку не се пласира на СП 2022

Фернандо Сантош проговори за можна оставка од селекторската функција на португалската репрезентација, која ќе игра во баражот за пласман на Светското првенство 2022 година.

На прашањето од новинарите дали разговарал со Фернандо Гомеш, претседателот на Португалската фудбалска федерација, за можно повлекување по поразот од Србија, Сантош одговори:

„Не, не ни помислив на тоа. Кога преговарав со Гомеш во 2014 година, реков дека ако не ја завршам задачата, ќе си заминам истиот ден, без никакво одлагање. Ги решив сите задачи што ми беа доделени. Одевме на големи турнири три пати, но сега не успеавме директно. Сепак, колку пати Португалија играла во плеј-офот?

Португалскиот селектор најави заминување во случај на неуспех во плејофот за Мундијалот во Катар.

– Ако не се квалификуваме на СП 2022, ќе си заминам, истакна Сантос.

Ждрепката на групите за баражот е закажана за 26 ноември.

Реклама

Facebook

Реклама