SportM
Фудбал

Сари брутално искрен по катастрофата во Лацио: Понекогаш не се појавуваме на натпреварот

Д М15 сеп 2022
Сари брутално искрен по катастрофата во Лацио: Понекогаш не се појавуваме на натпреварот

Фудбалерите на Лацио се посрамотија вечерва на гостувањето кај Митјиланд во 2.коло од групната фаза на Европската лига.

Лацио беше благ фаворит на почетокот на натпреварот, но од почетокот на натпреварот се беше на страната на домаќинот кој победи со 5:1.

Веќе по половина час игра со головите на Паулињо и Каба домашните имаа водство од 2:0 и беше јасно дека Лацио тешко ќе се врати во игра.

Во вториот дел Лацио прими уште три гола, а се што успеа е да постигне утешен гол.

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари беше брутално искрен по натпреварот.

„За жал, Лацио понекогаш не се појавува на теренот. Многу повеќе боли во Европа. Одговорноста е на мене, не се тепавме, не направивме ништо. Некој ќе мора да ми го објасни ова.“ изјави Сари.

Никој не можеше да очекува ваква катастрофа од Лацио вечерва, особено по доминантната победа во првото коло против Феенорд.

Сега во групата Ф сите имаат три бода, а по вечерашната победа второпласиран е Митјиланд.

Лацио по поразот падна на третата позиција, но олеснителна околност е што е само второ коло, а екипите се изедначени на табелата.

Очигледно е дека ќе има уште многу пресврти во оваа група.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.