Сари ги објасни причините за одлуката да го остави Пјаниќ на клупата

Јувентус едвај освои бод против Аталанта во Торино во саботата навечер (2:2).
Во самиот крај старата дама стигна до уште еден поен со уште еден погодок на Кристијано Роналдо од пенал, бод што може да биде многу важен во борбата за Скудетото.
Јуве во последно време беше во слаба форма, а поразот од Милан, па едвај освоениот бод против Аталанта, ги потврдува ваквите наводи. Има големо незадоволство кај навивачите поради одредени решенија на Маурицио Сари и начинот на кој игра неговиот Јуве, а исто така многумина беа изненадени што Миралем Пјаниќ го пропушти дуелот со Аталанта.
„Пјаниќ имаше проблем со адукторот, тој не беше во одлична форма, така што не сакав да оставам ништо случајно и да ризикувам некоја посериозна повреда на мускулите, бидејќи се игра на секои три дена, така ја донесовме таа одлука“, рече Сари.
Тој зборуваше и за послабата форма на Јувентус и тешко извојуваниот натпревар против Аталанта, која игра во најдобра форма во Европа.
“Во моментов на сите им е тешкода играат против Аталанта, не само нас. Тие имаа девет последователни победи. Вечерва бевме поостри отколку на „Сан Сиро“, тимот се одржуваше подобро 90 минути и беше доследен. Бевме подобри во второто полувреме, ја презедовме контролата кога го примивме вториот гол. Успеавме да бидеме помалку пасивни во однос на првото полувреме. Бевме поенергични и полесно беше да се создадат напади и да ја однесеме топката од противникот. Мора да бидеме среќни на крајот затоа што игравме против една од најдобрите екипи во Европа”, додаде италијанецот експерт.
Јуве има предност од осум поени во однос на Лацио и девет над Аталанта на шест кола до крајот, па се повеќе е веројатно дека Старата дама ќе продолжи да доминира во Италија. За три дена, Јуве ќе гостува во Сасуоло.



