Сари го критикуваше Роналдо по очајната игра на Јувентус

Маурицио Сари не успеа да го освои својот прв трофеј со Јувентус синоќа против поранешниот клуб.
Во финалето на Купот на Италија, Јувентус беше поразен од Наполи, кој стигна до трофејот благодарение на подобро изведение пенали по резултат 0:0 во регуларните минути, и тоа, како што се очекуваше, резултираше со бран на критики.
За Јувентус тоа беше и втор натпревар по ред по паузата во која не успеаја да постигнат гол, а за тоа Сари не ја презедоа одговорноста туку ги обвини – играчите.
“После играта не им кажав многу на играчите. Бев исто толку лут и разочаран како и тие, подобро е да молчиме во вакви моменти. Ни недостасуваше извонредност на теренот да бидеме опасни и да најдеме други решенија кога не ни иде и без тоа не ни иде… Сето тоа го направија нашите играчи со леснотија досега“, рече Сари по натпреварот.
Тој се осврна и на бледото издание на Кристијано Роналдо.
“Му недостига физичка подготвеност, тој не е играчот на кој сме навикнати да го гледаме и тој секогаш дава се од себе. Дибала и Коста имаат ист проблем”.
За Наполи, од друга страна, синоќешниот трофеј беше првиот по шест години пост.



