SportM
Фудбал

Сари ќе остане без миленикот

Д М14 јун 2020
Сари ќе остане без миленикот

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, силно сака да го донесе својот омилен Жоргињо во Торино.

Италијанскиот интернационалец беше клучен играч за Сари во своите сезони со Наполи и Челзи, а овој стручњак би сакал да го види меѓу неговите играчи и во Торино.

Во изминатиот период се пишуваше многу дека Жоргињо би можел да отпатува во Јувентус. Наводно била понудена размена за Миралем Пјаниќ, но нема да има ништо од тоа.

Познатиот весник „Атлетик“ од извори близок на фудбалерот открива дека евентуалниот трансфер на Жоргињо во Јувентус не е ни приближно до реализација и дека немало никакви преговори во претходниот период.

Френк Лампард смета сериозно на 28-годишниот играч од средниот ред. Тој е важен фактор во играта на Сините од „Стемфорд Бриџ“ и оваа сезона има одиграно 36 пати на сите натпреварувања.

Ќе видиме дали нешто ќе се случи меѓу Жоргињо и Јувентус во наредниот период, но засега нема ништо.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.