Сари: На Мората му недостига самодоверба
Д М21 сеп 2018

Напаѓачот на Челзи Алваро Мората од почетокот на сезонава се наоѓа во слаба форма, а според тренерот Маурицио Сари фудбалерот има проблем со самодовербата.
Мората настапи на синоќешното гостување во Солун против ПАОК во првото коло од Лига Европа, но и покрај неколкуте шанси не успеа да се запише во листата на стрелците и остана само со еден погодок постигнат во Премиер лигата.
– Алваро треба да си ја врати самодовербата. Се надевам дека во иднина ќе можам да му помогнам, но тоа се постигнува со голови. На овој натпревар имаше три или четири шанси, но едноставно немаше среќа, истакна Сари.
Челзи го совлада ПАОК со 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Вилијан во седмата минута.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



