Саутгејт има уште една, огромна, причина да го освои Светското првенство

Светското првенство е закажано за следниот месец, а двата главни фаворити за освојување на титулата се Бразил и Аргентина.
Еден од фаворитите од сенка кој ќе се обиде да ги изненади двата главни фаворити е репрезентацијата на Англија.
Англичаните имаат многу добри фудбалери, но и покрај тоа во последно време играат нешто полошо, а можеби се очекуваше и промена на тренерот.
И покрај тоа, Саутгејт ја доби целосната поддршка од федерацијата да ја води репрезентацијата на Мундијалот, а ќе му се „суди“ според резултатите што ги постигнува таму.
Секако, од спортски аспект, јасно е дека Саутгејт ќе се обиде да стигне до самиот крај, и да го подигне трофејот за најдобрата репрезентација во светот.
Но, сега има уште поголем мотив за тоа бидејќи англиската асоцијација му подготвила огромна награда доколку заврши како шампион на Мундијалот.
Британските медиуми објавија дека Саутгејт ќе заработи нешто повеќе од 4,5 милиони евра доколку со Англија стане светски првак.
Последен пат Англичаните беа светски шампиони во 1966 година, како домаќини на првенството, а потоа никогаш не повторија таков пласман.
Вреди да се спомене и дека Саутгејт веќе заработи 575 илјади евра само затоа што Англија се пласираше на Мундијалот.
Останува да видиме дали Саутгејт ќе може да го направи она што од него го бара јавноста од Англија, но и асоцијацијата на репрезентацијата што ја предводи.



