SportM
Фудбал

Саутгејт: „Задоволен сум, но мораме да бидеме подобри“

Д М21 ное 2022
Саутгејт: „Задоволен сум, но мораме да бидеме подобри“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт денеска изјави дека е задоволен по убедливата победа против Иран во првото коло од групната фаза на Светското првенство.

„Игравме добро, имаше многу прекини, но нашиот пресинг и движење беа навистина добри. Морам да бидам многу среќен, но не требаше да примиме два гола во таа фаза од играта“, рече Саутгејт, како што е соопштено од Би-Би-Си Си (BBC).

Фудбалерите на Англија денеска во Доха ја совладаа селекцијата на Иран со 6:2, во натпреварот од првото коло од групата Б на Светското првенство.

Вечерва од 20.00 часот во групата Б играат селекциите на Велс и Соединетите Американски Држави.

Во следното коло Англија игра против САД на 25 ноември, а истиот ден се среќаваат Иран и Велс.

„Мораме да бидеме прави на натпреварот против САД. Ова е одличен почеток, но мораме да бидеме подобри “, додаде Саутгејт.

Саутгејт изјави дека полошата завршница на натпреварот се должи на резултатот и на многу долгата пауза (14 минути во првото и 10 минути во второто полувреме).

Селекторот на Англија ја пофали играта на своите фудбалери и истакна дека особено му се допаднал шестиот гол на натпреварот, кој го постигна Џек Грилиш во 90. минута.

„Она што особено ми се допадна беше голот на Џек Грилиш, по асистенцијата на Калум Вилсон. Можеше да биде себичен, но дури и во тој момент мислеше на тимот“, рече Саутгејт.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.