SportM
Фудбал

Се чини дека е готово, Арсенал го донесе првото засилување оваа година

Д М3 јан 2020
Се чини дека е готово, Арсенал го донесе првото засилување оваа година

Арсенал оваа сезона има многу проблеми во дефанзивата, а овој проблем веднаш го препозна новиот менаџер на тимот Микел Артета.

Извесни извори на „Скај Спорт“ тврдат дека Џером Боатенг практично склучил договор со својот нов клуб, Арсенал.

31-годишниот Германец не е баш најстандарден оваа година, откако одигра само осум натпревари во Бундеслигата. Баварците се подготвени да го испратат на патување во Лондон на позајмица за 13 милиони евра.

Сепак, проблемот е ротацијата во одбраната достапна на тренерот Флик. Покрај Боатенг, од класични стопери го има само Лукас Хернандез, бидејќи Суле е повреден подолг временски период.

Како и да е, не се исклучува можноста за трансфер на „Емирати“ бидејќи Баерн е во процес на подмладување на тимот, во тој случај тие би донеле во клубот соодветна замена за играчот кој освоил седум титули во Бундеслигата, четири германски купови, четири Супер купови, една титула од ЛШ со Баварците и една светска титула.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.