SportM
Фудбал

Се чини дека сè е готово: Протекоа детали од последната средба помеѓу Меси и Куман!

Д М25 авг 2020
Се чини дека сè е готово: Протекоа детали од последната средба помеѓу Меси и Куман!

Лионел Меси се приближува до одлука што ќе ги шокира сите во Барселона, а навивачите на каталонскиот клуб чекаат и се малку исплашени.

Односите помеѓу Барселона и Меси полека се оладуваат, јасно е за сите, но никој сè уште не може да верува дека репрезентативецот на Аргентина ова лето може да замине. Но, ако не после оваа сезона, тогаш кога ќе замине?

Меси очигледно беше нахранет, а неуспешната сезона и целосниот ремонт на тимот и целиот стручен штаб само го туркаа понатаму во одлуката да го напушти „Камп Ноу“ и да ја продолжи својата кариера во друг гигант. Веќе знаете дека се споменуваат Интер и Манчестер Сити, можете да прочитате и за Реал Мадрид, Јунајтед … Но, што и да избере Меси, тоа ќе биде сензација на декадата.

Меси, наводно, на последната средба со Роналдо Куман, новиот тренер на каталонските гиганти, објави дека заминува и дека тоа е негова одлука. Тој треба да ја објави конечната одлука во наредните неколку часа.

Што се однесува до средбата со Куман, медиумите во Шпанија тврдат дека „тој не бил непријателски расположен, но ниту пријателски расположен“. Куман му кажа на капитенот на Барселона дека ќе биде нефлексибилен и дека негов приоритет ќе биде тимот, а не индивидуа. На овој начин, Куман, исто така, „помогна“ на Меси да се пробие.

Сè на сè, доаѓа крајот на една одлична фудбалска ера и на нас останува да ја чекаме конечната одлука што Меси, наводно, ќе ја донесе до крајот на овој ден.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.