SportM
Фудбал

Се е договорено: Севиља носи големо засилување од Баерн

Д М16 авг 2022
Се е договорено: Севиља носи големо засилување од Баерн

Летниот преоден рок е при крај, но сигурно ќе има повеќе возбудувања до самиот крај.

 

Фудбалскиот пазар и денеска е многу интересен, а во морето шпекулации се појавија информации дека Севиља договорила големо засилување од Баерн Минхен.

 

Шпанскиот клуб постигна договор со Баварците околу трансферот на младиот дефанзивец Тангуј Нијанзу, кој кариерата ќе ја продолжи во дресот на Севиља.

Фабрицио Романо објави дека трансферот е веќе договорен и дека сега се чека само официјална потврда на овие клубови. Закажани се лекарски прегледи, а во наредните денови Нијанзу и официјално ќе биде претставен во Севиља.

 

Овој 20-годишен дефанзивец ќе потпише договор со Севиља до летото 2027 година, а Баерн од оваа продажба ќе заработи околу 20 милиони евра.

Ова е одлична зделка за Баерн со оглед на тоа што младиот Французин го доведоа бесплатно пред две години откако му истече договорот со ПСЖ од каде што потекнува Нијанзу.

 

Нијанзу во претходните две години одигра 28 натпревари во дресот на германскиот клуб на кои постигна еден гол и забележа една асистенција.

 

Со Баерн освои две шампионски титули на Германија и два германски Суперкупа, додека со ПСЖ освои и една шампионска титула на Франција.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.