SportM
Фудбал

Се е договорено: Шкринијар оди во ПСЖ

Д М28 јан 2023
Се е договорено: Шкринијар оди во ПСЖ

Заврши трансфер сагата околу дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар. Словачкиот репрезентативец дефинитивно кариерата ќе ја продолжи во Пари Сен Жермен.

Сепак, тоа не беше ни дилема. Одамна е јасно дека Шкринијар има договор со парижаните. Прашање беше само кога ќе се пресели во Париз, дали сега во јануари, што значи дека Интер ќе добие некакво обештетување, или во јуни како слободен играч.

Конечно, поочекуваната варијанта – во јуни. Наводно, Пари Сен Жермен бил подготвен да го откупи договорот на Словакот во јануари. Меѓутоа, кога Интер изјави дека бара 20 милиони евра, парижаните се откажаа и решија да го доведат капитенот на „нероаѕурите“ без обештетување еден месец подоцна.

Деталите се уште не се познати, но се шпекулира дека Шкринијар би можел да инкасира до девет милиони евра годишно, што е три милиони повеќе отколку што Интер бил подготвен да му понуди. Шкринијар дојде во Интер во 2017 година од Сампдорија и одигра 242 натпревари за Нероаѕурите во сите натпреварувања и постигна 11 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.