SportM
Фудбал

Се гледа крајот – 99% ова е новиот клуб на Меси! И не доаѓа сам?!

Д М7 јун 2023
Се гледа крајот – 99% ова е новиот клуб на Меси! И не доаѓа сам?!

Лионел Меси очигледно одлучи, неговиот следен клуб ќе биде – Интер Мајами.

Сите угледни извори денеска тврдат дека Барселона не можела да ги исполни сите услови и да гарантира дека договорот на Меси ќе може да биде регистриран поради проблеми со фер-плејот.

Ова го искористи Интер Мајами, кој на Меси му претстави сериозен проект, бидејќи Аргентинецот ќе добие бонуси од заедничкиот спонзор Адидас, како и од компанијата „Епл“. Во исто време, Меси ќе има можност да купи франшиза во МЛС лигата за многу помалку пари, како некогаш Дејвид Бекам.

Бекам е сопственик на Интер Мајами и сака да направи една од најголемите фудбалски приказни во Америка. Се шпекулира дека по Меси ќе одат по Серхио Бускетс и Џорди Алба!

Меси се обиде на секој начин да се врати во Барселона, тој се согласи да игра бесплатно, но тоа беше законски невозможно. Се шпекулираше дека преку Интер може да замине на позајмица во Барселона, но американскиот клуб одби.

Меси сакаше што поскоро да ја реши својата судбина, а Барса не можеше реално да ја реши финансиската стабилност на почетокот на јуни, бидејќи за тоа требаше да продава играчи.

Дури и Жерар Ромеро, кој беше најпозитивен во оваа сапуница, неодамна изјави дека има 1% шанси да се врати во Барселона. Тој до пред 24 часа велеше дека шансите Лео да се врати се меѓу 60 и 80%, па ова е уште еден показател дека Меси полека ги пакува куферите за Флорида…

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.