Се или ништо – Челзи понуди повеќе за Енцо отколку Јунајтед и Ливерпул!

Фудбалскиот клуб Челзи ги надмина Манчестер Јунајтед и Ливерпул во трката за Енцо Фернандез, пренесуваат португалските медиуми.
Феноменалниот аргентински играч за врска од јануари дефинитивно ќе игра во Премиер лигата, прашање е само каде. Ливерпул се сврте, Јунајтед исто така и тие два клуба испратија понуди од бараните 120.000.000 за него.
Сепак, утринава се појави информација дека Челзи решил да ја надмине таа бројка и да и даде на Бенфика 10.000.000 повеќе, која би пристигнала во вид на бонус. Сега ќе започне вистинската забава.
Јунајтед прв се откажува затоа што, наводно, зимава не сака да се занимава со тие бројки, па се очекува двонасочна трка помеѓу Челзи и Ливерпул. На крајот на краиштата, Јунајтед го загуби Коди Гакпо токму од финансиски причини, па можно е тој да се споменува во целата приказна за Енцо само за да му ја зголеми цената.
Сега би можела да одлучи желбата на Енцо Фернандез. Дефинитивно не очекуваат возбудливи часови и денови кога е во прашање овој трансфер.
Потсетуваме, Енцо Фернандез беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот на неодамна завршеното Светско првенство.



