Connect with us

Фудбал

„Се обидуваме да откриеме што се случува“

Во Барселона никој не знае дали Лионел Меси ќе остане.

Меси наводно побарал да си замине, но синоќа се појавија информации дека ќе направи уште една сезона за дресот на каталонскиот гигант, а потоа без надомест ќе го напушти клубот.

Ако некој сега го сака тоа, сумата е 700 милиони евра.

Антони Гризман за првпат зборуваше на оваа тема.

“Ние се обидуваме да откриеме што се случува, но тоа е прашање меѓу него и клубот. Се надеваме само дека ќе остане со нас. Слушаме сè, новинарите може да знаат повеќе”, рече Гризман.

Гризман минатата година пристигна од Атлетико Мадрид во Барселона во трансфер вреден 120 милиони. Французинот не се покажа во најдобро светло и разочарувачката сезона е зад него.

Неодамна се шпекулираше дека тој во замена би можел повторно да отпатува за Мадрид.