Се одржа средба со Конте, Интер издаде официјално соопштение
Д М25 авг 2020

Антонио Конте многу добро придонесе во Интер, но трофеите во „Меаца“ изостанаа и оваа сезона.
По загубеното финале во Лигата на Европа, тренерот Антонио Конте даде прилично чудни изјави според кои многумина заклучија дека тој веќе може да го напушти кормилото на тимот.
Сепак, се чини дека тоа нема да се случи.
Како што објавија италијанските медиуми, денеска се одржа средба помеѓу управата на клубот и тренерот Конте, а по тоа Интер издаде официјално соопштение.
„Клубот и Антонио Конте денеска остварија конструктивна средба со фокус на континуитет и стратегија, на која двете страни ги поставија темелите за продолжување на заедничката работа на клупскиот проект“, рече Интер.
Се чини дека Антонио Конте останува на кормилото на Интер …
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



