SportM
Фудбал

Се огласи Кристијан Ериксен (ФОТО)

Редакција8 јун 2026
Се огласи Кристијан Ериксен (ФОТО)

Кристијан Ериксен, кој повторно загуби светст на фудбалски меч и беше пренесен во болница, се огласи преку социјалните мрежи испраќајќи порака до неговите фанови.

-Сакам да ги известам сите дека сум добро и дека сум дома со моето семејство, порача Ериксен во објавата на Инстаграм, притоа додавајќи:

-Сакам да ги уверам сите дека ситуацијата е поинаква од онаа во 2021 година. Се чувствувам добро и моето опоравување веќе започна. Ви благодарам на сите за поддршката.

Инаку, Ериксен загуби свест на пријателскиот меч помеѓу Данска и Украина одигран во неделата, кој на одлука на судијата беше прекинат. Според првичните информации, го спасил вградениот дефибрилатор, кој му беше вграден во 2021 година кога на фудбалски меч доживеа срцев удар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.