SportM
Фудбал

Се подготвува „метла“, голем е списокот за заминување од Челзи!

Д М5 мај 2023
Се подготвува „метла“, голем е списокот за заминување од Челзи!

Дали Тод Боли ќе научи лекција?

По големите набавки кои не завршија добро оваа сезона, Тод Боли има намера да продава. И ќе продаваат на големо.

Дури десет имиња на играчи на Челзи се на списокот за продажба, тешко дека сите ќе си заминат, но реалноста е да се очекува составот на овој клуб повторно да претрпи големи промени.

Секако, тоа никогаш не донесе добро, но да почекаме со прогнозите, за да видиме прво како ќе изгледа тимот следната сезона и кој ќе биде тренер.

Во основа, Калиду Кулибали е меѓу првите продадени бидејќи има огромна плата и не го покажува квалитетот што го покажа во Серија А, додека пак сака да земе пари од продажбата на Тревор Чалоба.

Матео Ковачиќ би можел да биде продаден ова лето, но влегува во последната година од договорот и доаѓањето на Фернандез исто така може да значи дека тој не е толку потребен како претходно, а слична е ситуацијата и со Рубен Лофтус-Чик како и со Калум Хадсон-Одои.

Кристијан Пулишиќ не е на неговото ниво, тој е во очајна форма и може да се најде и на списокот за заминување. И Хаким Зијеш е играч кој никогаш не се смирува, еден момент го гледаме надвор, потоа останува, главно, и тој е на списокот на Тод Боли за продажба, исто како што беше во јануари.

Последниот е Пјер-Емерик-Обамејанг, играч кој според сите проценки летово би можел да се врати во Барселона, не е задоволен од минутажата и дефинитивно следната сезона нема да го гледаме во Челзи.

Покрај споменатите осум, позајмици се очекуваат и за Датра Фофана и Луис Хол.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.