SportM
Фудбал

Се подготвува спектакуларен натпревар на најдобрите од најдобрите

Д М30 сеп 2022
Се подготвува спектакуларен натпревар на најдобрите од најдобрите

Сопственикот на Челзи, Тод Боли неодамна за англиските медиуми изјави дека би сакал да го види Ол Стар натпреварот во Англија.

 

Американскиот бизнисмен смета дека лига како Премиершип едноставно треба да има натпревар на кој се собираат најголемите ѕвезди, по примерот на спортот во Соединетите Американски Држави.

 

„Зошто нема Ол Стар натпревар? Се надевам дека Премиер лигата ќе научи од примерот на американскиот спорт и ќе ја разгледа оваа опција“, рече Боли, додавајќи:

„Луѓето зборуваат за некои пари, а МЛБ, на пример, зема 200 милиони долари од понеделник до вторник за Ол-стар натпреварот. Верувам дека тоа би можело да биде дуел Север против Југ“, изјави Боли.

 

Тајмс денеска објави интересен текст на оваа тема. Тврдат дека наскоро би можело да се организира натпревар на најдобрите екипи од најдобрите европски лиги.

 

„Плановите за Ол Стар натпреварите оживуваат. Најдобрите 11 во Премиер лигата би можеле да се соочат со најдобрите од Бундеслигата, Ла Лига и другите врвни лиги“, пишува Тајмс.

Овие натпревари би се играле на крајот од сезоните и нема сомнеж дека би привлекле огромно внимание кај луѓето ширум светот.

 

Најголемите светски фудбалски ѕвезди би биле на едно место. Спонзорите сигурно би полуделе и цените на рекламите како на NFL All Star би биле во милиони.

Не е познато кога оваа идеја би можела да заживее. Многумина се надеваат многу наскоро, но засега сè е само идеја.

 

Многу навивачи веќе составуваат тимови за кои сметаат дека би биле идеални за натпреварот и со нетрпение ги очекуваат евентуалните натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.