Се преправал дека е повреден и легнал на теренот, па ги повикал лекарите да му направат дупки на штуцните

Фудбалерите на Евертон вчера беа поразени на гостувањето кај Вест Хем (2:1) во натпреварот од 31. коло на Премиер лигата.
Избраниците на Френк Лампард уште еднаш ги разочараа своите навивачи и забележаа нов пораз, па се уште се во опасната зона и до крајот на сезоната ги очекува грчевита борба за опстанок во најсилниот ранг на англискиот фудбал.
Евертон вчера беше поразен со 2-1, а единствениот гол за гостинскиот тим го постигна Мејсон Холгејт кој го започна натпреварот откако на загревањето се повреди Дони ван де Бик.
Холгејт беше во центарот на вниманието на самиот почеток на натпреварот кога легна на теренот и се пожали на повредата и побара од судијата да му го испрати лекарскиот тим на Евертон.
Откако стигнале до Холгејт, тој ги замолил да му направат дупки на штуцните бидејќи му биле премали и му биле претесни, па имал проблем на самиот почеток на играта.

Холгејт на тој начин се преправаше дека е повреден за да го реши проблемот што го имаше, поради што не сакаше да го напушти теренот и камерите да снимаат што прават лекарите на Евертон. Но, кога тргна да игра, многумина видоа дека нешто не е во ред со неговите штуцни.




