SportM
Фудбал

Се сеќавате ли на Бони? По повеќе од една година тој има нов клуб

Д М27 јан 2022
Се сеќавате ли на Бони? По повеќе од една година тој има нов клуб

Вилфред Бони има нов клуб.

33-годишниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска е нов фудбалер на холандски НЕЦ Најмеген, потврдија од клубот. Тој го потпиша договорот до крајот на сезоната.

Најмеген е неговиот прв клуб по повеќе од една година, откако го напушти Сити кон крајот на 2020 година. Тој уште пред да дојде во клубот од Саудиска Арабија беше на долга пауза, бидејќи беше без клуб околу половина година.

Бони, секако, го паметиме од периодот кога пристигна во 2014 година од Свонси за нешто повеќе од 30 милиони евра.

Вкупно за „граѓаните“ постигна 11 гола и забележа седум асистенции на 46 натпревари, а клубот го напушти во 2017 година кога се врати во Свонси.

Играше и за Ал-Араби во Катар, Стоук Сити, Витесе, Спарта Прага и Исиа Вази во неговата земја.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.