Connect with us

Фудбал

Се случи чудо: Раиола „ногиран“

Играчот од средниот ред на Јувентус и на италијанската репрезентација, Федерико Бернардески го смени фудбалскиот агент.

Во фудбалските кругови се случи нешто неочекувано. Имено, според многумина, највлијателниот фудбалски агент Мино Раиола беше „ногиран“ од Федерико Бернандеши.

Оваа информација ја потврди новиот агент на италијанскиот репрезентативец Федерисио Пасторела.

„Горд сум што можам да соопштам дека Федерико Бернардески потпиша договор со „P&P Sport Management!“ Тоа требаше да се случи малку порано, но за нешто добро е потребно трпение“, напиша агентот на својот Инстаграм.

Да потсетиме, Бернардески својата сениорска кариера ја започна во Фиорентина, а во 2017 година премина во редовите на „Старата дама“. Како играч на Фиорентина во сезоната 2013/2014 како позајмен играч настапуваше за Кротоне.

Неговиот договор со Јувентус истекува на крајот од оваа сезона. За Старата дама одигра вкупно 159 натпревари со ефект од 10 гола и 20 асистенции.

Реклама

Facebook

Реклама