Connect with us

Фудбал

Се спрема спектакуларна размена: Реал Мадрид се откажа од Герет Бејл

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, пред неколку месеци најави дека ќе донесе голема ѕвезда во клубот откако Кристијано Роналдо замина во Јувентус.

Многумина очекуваа тоа да се случи во текот на летото, но кралевите не успеаја да ги постигнат своите цели. Главната желба на Реал Мадрид беше Еден Азар, кој во неколку наврати изјави дека сака да игра во овој клуб. Сепак, клубовите не се согласија, а Белгиецот остана во Лондон.

Сепак, „Марка“ објави дека Реал Мадрид спрема понуда за Азар, која Челзи нема да може да ја одбие. Само е прашање на време кога Азар ќе заврши на Бернабеу, но дури и тој најави дека ќе биде тешко тоа да се случи во јануари. Сепак, Перез се чини дека има решение и за ова.

Очигледно, претседателот на Реал Мадрид одлучил да не понуди само пари за Белгиецот, а јасно е дека има повеќе шанси ако тој вклучи друг играч. Перез е подготвен да се откаже од Бејл само за да го добие Азар, тој е убеден дека Челзи нема да може да одбие таква понуда, бидејќи знаат дека Азар кога-тогаш ќе заврши во Реал.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com