SportM
Фудбал

Се вклучи аларм во Баерн: Клубот му постави јасна задача на Салихамиџиќ

Д М17 фев 2021
Се вклучи аларм во Баерн: Клубот му постави јасна задача на Салихамиџиќ

Давид Алаба вчера потврди дека ќе го напушти Баерн на крајот од оваа сезона.

Алаба пристигна во клубот од Минхен во 2007 година во младинското училиште, а целата своја кариера ја помина во дресот на Баерн. Но, сега тој одлучи дека е време за нов предизвик.

Договорот на 28-годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната и тој ќе го напушти клубот без обештетување. Ова предизвика аларм во Баерн затоа што челниците на клубот не сакаат нивните врвни играчи да заминат бесплатно.

Спортскиот директор на овој клуб, Хасан Салихамиџиќ, јасно рече дека клубот повеќе нема да дозволи играчите да заминуваат без обештетување, и дека целта сега е продолжување на договорите на некои од нив.

Како прво, ова се однесува на Кимих, Горецка и Коман, кои се едни од најважните играчи во тимот.

“Нашата цел е да ги задржиме некои од најважните играчи во тимот. Секој клуб сака да ја избегне опцијата да изгуби играч на тој начин, односно тој да си замине без никакво обештетување”, изјави Салихамиџиќ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.