Се враќа во Италија: Кавани пред потпис кој никој не го очекуваше

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани се уште е без клуб по заминувањето од Манчестер Јунајтед.
Кавани реши да го напушти Манчестер Јунајтед откако му истече договорот со овој клуб, а моментално е без ангажман.
Уругваецот не беше задоволен од минутажата што ја имаше на „Олд Трафорд“ и реши да го напушти овој клуб, но се очекува наскоро да најде нов клуб.
Италијанските медиуми денеска објавија дека постои можност Кавани кариерата да ја продолжи во Серија А, во дресот на новиот прволигаш Монца. По 40 години овој клуб се врати во друштвото на најдобрите и сака максимално да го засили тимот.
Како што соопшти Џанлука Ди Марцио, челниците на Монца веќе стапиле во контакт со искусниот напаѓач и му понудиле едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона.
Контактите беа воспоставени пред десетина дена, а во Монца сега го чекаат одговорот на Кавани и се надеваат дека Уругваецот ќе се согласи да дојде во овој клуб.
Кавани на тој начин би се вратил во Италија по девет години кога од Наполи се пресели во ПСЖ за 65 милиони евра. Играше на Апенините додека се уште играше за Палермо.



