Connect with us

Фудбал

„Се враќам заради љубовта што ја чувствувам кон Гронинген“

Објавено:

Арјен Робен реши да продолжи да игра фудбал откако го напушти Баерн минатата година, а неговиот нов клуб ќе биде оној од каде започна сето тоа – Гронинген.

Тој ја започна својата кариера во Гронинген на само 12 години и го направи своето деби на 16 против Феенорд. Иако остави најголем белег во својата десетгодишна авантура во Минхен, а играше и за Реал Мадрид, Гронинген има посебно место во срцето на холандскиот крилен играч.

“Се вратив во клубот каде што започнав сè. Играм повторно заради љубовта што ја чувствувам кон Гронинген”, рече Робен, додавајќи:

“Гронинген предложи да се вратам како младински лидер или тренер, но мислам дека сепак можам да дадам многу со играње фудбал. Се чувствувам добро, добро се подготвив во Минхен и мислам дека донесов вистинска одлука. Не прифаќав понуди од други клубови. Гронинген е страст за мене, верувам дека ќе имам добро време играјќи за тој тим “.

Покрај Гронинген, Реал Мадрид и Баерн, Робен во кариерата играше и за ПСВ и Челзи, а за репрезентацијата на Холандија играше 96 пати и постигна 37 гола на официјалните натпревари.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама