SportM
Фудбал

Се затвора хотелот каде биле сместени, Ериксен, Јанг и Мозес

Д М13 мар 2020
Се затвора хотелот каде биле сместени, Ериксен, Јанг и Мозес

Не е добар момент во Интер, не само за загубата од Јувентус во Торино, туку и за фактот дека дефанзивецот на „Бјанконери“, Даниеле Ругани, беше позитивен со коронавирусот и тоа ги принуди фудбалерите и целиот персонал на клубот да останат во карантин.

Ситуацијата да стане уште по комплицирана за 3 играчи на Интер, имено за трите јануарски засилувања, Кристијан Ериксен, Виктор Мозес и Ешли Јанг.

Тројцата играчи од нивното пристигнување во хотелот Мелиа во Милано, но хотелот веднаш се затвори порави страв од ширење на коронавирус и со тоа беа избркани Ериксен, Мозес и Јанг, и беа принудени да се затворат во карантин.

Досега, некои спортисти тестираа позитивно за коронавирусот, принудувајќи ги и нивните колеги, па дури и ривалите, да се стават во карантин.

Играчот на Хановер, Тимо Хабеберс, беше првиот потврден играч на коронавирус кој успеа да зарази уште двајца играчи, Даниеле Ругани (Јувентус) и Маноло Габиадини (Сампдорија).

Во доцните часови во четвртокот, Арсенал потврди дека со коронавирусот бил погоден и нивниот тренер Микел Артета, а по полноќ, ѕвездата на Челзи, Калум Хадсон-Одои тестираше позитивно на коронавирусот.

Кошарка – Во Европа, првата позитива доаѓа од тренерот на Реал Мадрид, Треј Томпкинс, кој предизвика голем шок кај фудбалерите, кои исто така се во карантин. Исто така беше случајот со кошаркарот на Јута Џез, Руди Гоберт, кој го донесе прекинот во НБА.

Велосипедизам – Фернандо Гавирија на социјалните медиуми објави дека е позитивен на вирусот, и останува изолиран во Абу Даби.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.