Себаљос откри што правеле Касемиро, Модриќ и Крос ноќта пред финалето: „И не ги затворив очите…“

Неколку од сегашните играчи на Реал Мадрид имаат освоено дури пет Лига на шампиони.
Реал Мадрид синоќа во Париз стигна до рекордната 14-та титула во Лигата на шампионите, откако во новото големо финале го победи Ливерпул со 1-0 со голот на Винисиус Јуниор.
Се чини дека за играчите на Реал Мадрид освојувањето на Лигата на шампионите е најнормална работа, додека другите вечно сонуваат за тој момент. За тоа најдобро зборуваат зборовите на шпанскиот играч за врска Дани Себаљос. Имено, тој откри дека на некои искусни играчи на Реал вечерта пред натпреварот им било ладно како шприц.
„Тони Крос, Лука Модриќ и Касемиро играа карти и се забавуваа вечерта пред последната пресметка. И таа вечер воопшто не можев да ги затворам очите. Мислам дека воопшто не заспав!“, изјави Себаљос, кој очигледно нема искуство како наведеното трио од средниот ред.
Споменатите играчи пет пати ја освојувале Лигата на шампионите, исто како и Карим Бензема и Марсело, а братот на Тони Крос, Феликс откри за што разговарал со својот брат на само 20 минути пред почетокот на финалето во Париз.
„Дваесет минути пред првиот свиреж на судијата, Тони и јас бевме страсни за натпреварот од 2. Бундеслига помеѓу Оснабрик и Регенсбург. Тони никогаш не е нервозен. Можете да му се јавите пет минути пред финалето на Светското првенство и тој ќе зборува како да е нормален ден“, изјави Феликс, кој игра за Фортуна Дизелдорф.
Се очекува сите да останат членови на Реал Мадрид и следната сезона, а можност за нов трофеј ќе имаат на 10 август кога ќе се одигра натпреварот од Суперкупот на Европа против Ајнтрахт Франкфурт, освојувачот на Европската лига.
Што се однесува до Себаљос, денеска пристигна информација дека сака да премине во редовите на Бетис и многу е можно тоа да се случи во наредните недели.



