Седлоски пред Шкотска со порака до играчите: Играјте храбро и уживајте во мечот
Редакција12 ное 2026

Македонија утре вечер против Шкотска игра уште еден меч од Лигата на нации во Глазгов. Македонија се уште е без победа, без постигнат гол, но селекторот вели атмосферата е подобрена, и на прес конференцијата пред мечот порача на играчите да одиграат храбро и да уживаат во мечот.
-Знаеме со какви играчи располага. Игравме во Скопје, не победија 2:0. Подготвени сме грешките да ги поправиме. Овие три дена што трениравме во Скопје, ја поправивме атмосферата. Мислам дека играчите ќе дадат се од себе, да дојдеме до позитивен резултат. Резултатите се тие што се, но мислам дека ќе излеземе од тие негативни резултати. Да одиграат храбро, да не се плашат, да уживаат во натпреварот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



