SportM
Фудбал

Седнаа на теренот и почнаа да веслаат, Норвешка на фантастичен начин го прослави пласманот во следната рунда (ВИДЕО)

Редакција23 јун 2026
Седнаа на теренот и почнаа да веслаат, Норвешка на фантастичен начин го прослави пласманот во следната рунда (ВИДЕО)
Фудбалерите на Норвешка ја совладаа репрезентацијата на Сенегал со резултат 3:2 и така уште по две кола обезбедија пласман во нокаут-фазата на Светското првенство.

По последниот судиски свиреж, играчите на интересен начин ја прославија победата. Наместо класично славје, тие дојдоа пред своите навивачи и седнаа на тревникот. Капитенот Мартин Одегард го зеде тапанот од водачот на навивачите, додека останатите репрезентативци седнаа и го чекаа неговиот знак за почеток на перформансот.

Кога Одегард удри во тапанот, сите играчи, предводени од Ерлинг Халанд, синхронизирано почнаа да „веслаат“ заедно со илјадниците навивачи на трибините, а сцената многу брзо стана хит на социјалните мрежи. На овој начин Норвежаните им оддадоа почит на своите викиншки предци. Станува збор за традиција што во последните години ги следи сите норвешки спортисти и навивачи, а особено е популарна по големи победи и значајни успеси.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.