Сега е јасно зошто Чави едвај го чека јануари: Како ќе изгледа тимот на Барселона?

Зимскиот преоден рок се уште не е официјално започнат, но веќе успеаја да комплетираат едно големо засилување во Барселона.
Пред неколку дена шпанските медиуми објавија дека каталонскиот клуб го договорил доаѓањето на Феран Торес од Манчестер Сити, а за овој 21-годишен напаѓач ќе биде платен околу 55 милиони евра.
Торес сигурно ќе биде големо засилување во нападот каде Чави го има на располагање само Мемфис Депај. Иако претежно игра крилен напаѓач, се шпекулира дека во Барселона ќе ја игра улогата на „лажна деветка“.
Оваа година беше исклучително тешка за Барселона, а во првиот дел од сезоната каталонскиот тим тотално потфрли. Сепак, навивачите на Барса се надеваат дека вториот дел од сезоната ќе биде многу подобар.
Покрај доаѓањето на Торес, право на настап сега ќе има и Дани Алвеш, а се очекува и некои првотимци да се опорават од повредите.
Затоа, првиот тим на Барселона ќе биде значително поразличен од крајот на сезоната кога Чави мораше многу да комбинира поради листата на повредени играчи, а најмногу шанса добија играчите на Барса Б.
Сезоната во Ла Лига продолжува на почетокот на јануари, а медиумите во Шпанија веќе шпекулираат како би можел да изгледа тимот на Барселона со доаѓањето на Торес и Алвеш и опоравувањето на неколку првотимци.
Можен состав на Барселона : Тер Штеген, Дани Алвеш, Пике, Араухо, Жорди Алба, Де Јонг (Бускетс), Педри, Гави (Нико), Феран Торес, Ансу Фати, Депај.

Овој тим на Барселона е значително различен и подобар од оној што Чави можеше да го искористи на претходните неколку натпревари. Но дали Барселона ќе одигра подобро и ќе се врати на самиот врв на табелата, останува да видиме.



